Растот на Бруто – домашниот производ од 3,8 % за догодина е малку пооптимистички, да се внимава на трошоците за каматите за кредитите кои постојано растат и ни црпат стотици милиони евра од државната каса. Ова се главните ризици за реализација на предлог- буџетот за 2026 година, но и за понатаму, на кои предупреди Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети во емисијата Бизнис 21. Ние живееме во несигурен амбиент, а сме мала и отворена економија, и треба да имаме пресметан ризик за секаква состојба- вели тој.
-Во делот на проектираниот раст да биде по можност пореално. Од макроекономските амбиенти према реалноста, вели Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети.
-Над 300 милиони евра не коштаат каматите. Догодина ќе биде слично. Но 2027 година тој износ треба да биде некаде околу половина милијарда евра само камати, изјави Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети.
-Проекциите се многу лоши во однос на до 2034 година, вели Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети.
Беџети кажа дека Фискалниот совет втора година по ред не доставува мислење за предлог-буџетот пред неговото усвојување во Владата, иако тоа е законска обврска. Мислењето на Советот ќе биде готово за 4-5 дена и ќе биде доставен до Комисијата за финансирање и буџет. Во однос на консолидацијата на пензискиот фонд за кој секоја година се одлеваат стотици милиони евра од буџетот, Беџети вели остануваат на ланската препорака.
-Значи за да ублажите и да влегувате во одредена фискална консолидација на пензискиот фонд вие имате две можности.Или да ги замрзнете пензиите или да го покачувате постепено придонесот, изјави Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети.
-Или пак да се продолжи векот на работење..и ние не кажавме тоа одеднаш, изјави Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети.
Беџети е пријатно изненаден од предлог-буџетот за 2026. Документот е подготвен со невообичаено конзервативен пристап во однос на последните петнаесет години, вели тој. Во однос на намалувањето на капиталните инвестиции кои за догодина се проектирани на 650 милиони евра, според него подобро е реално да планираме, отколку да не ги реализираме како годинава но и речиси сите изминати години.
