52 заболени здравствени работници, Филипче: Нивната улога е значајна во оваа битка, апелирам максимално почитување на протоколите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче, министерот за здравство истакна дека како секаде во Светот, така и кај нас, има заболени здравствени работници, и апелираше да се штитат и да внимаваат.

„Заболени здравствени работници има и кај нас, и во Светот. Тие се луѓе кои се во непосреден контакт со заболените. Кај нас се вкупно 52 лица, од кои 34 се заболени во болнички или амбулантски услови. Во проценти тоа е 9,5 кај нас.

Во Куманово на Инфективната клиника веќе пристигнаа двајца лекари, еден од Скопје и еден од Штип кои ја координираат работата.

Апелирам до колегите максимално почитување на протоколите, да се штитат на работните места, но и надвор од нив. Треба да внимаваат постојано, бидејќи улогата на здравствените работници е од примарно значење во овој момент во земјава. Здравјето на нацијата и многу животи зависат од нив“, рече Филипче.