Во изминатово деноноќие регистрирани нови 53 случаи на Ковид-19. Во Скопје 13, во Велес 12, во Куманово 9, во Прилеп 9, во Тетово 4, во Струга 2, во Битола 2 и во Македонски Брод 2.
Со ова, бројот на заразени се искачи на 1.170, а денеска се излекувани и 25 пациенти, од кои 6 од Инфективната клиника и 19 кои се лекувале во домашни услови.
Земјата уште од порано почна со преземање мерки за спречување на ширење на Ковид-19, изјави Венко Филипче. Тој додава дека се спроведени мерки кои не се преземени во ниту една земја во регионот, па затоа смета дека состојбата со коронавирус се одвива така како што предвидуваат.
Говорејќи околу справувањето со Ковид-19, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, рече дека ангажирањето на Армијата во борбата против коронавирусот, ќе зависи од развојот на севкупната ситуација.
На денешната владина седница, освен за Куманово се дискутираше и за Тетово и Прилеп како ризични зони. За Тетово се разгледува барањето за укинување меѓуградски превоз, со цел спречување на пренесување на Ковид-19.
