53 нови случаи на коронавирус во Прилеп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска на територија на општина Прилеп регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус, додека пак 15 лица оздравеле од заразната болест.

Во моментов бројот на активни случаи изнесува 389 лица. 336 од нив се наоѓаат на домашно лекување, додека 53 се на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 680 лица.

Во овој град вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1225.