55 компании ја промовираа понудата на УЈИЕ, недостасува кадар по математика, хемија и инженерство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над 55 познати компании учествуваа на Саемот на кариера организиран од Универзитетот на Југоисточна Европа. Промовираа понуди за работа. Ректорот на УЈЕИ, Абдулменаф Беџети, рече дека 83 отсто од студентите кои ги завршуваат студиите на овој универзитет веднаш се вработуваат и тоа е целта – да се отворат насоките кои се бараат на пазарот.

„Елитните компании ни бараат список на студенти и ни велат да им испратиме список со десетте најдобри студенти и дека не е важен профилот. Знаеме дека компјутерските науки имаат 92% стапка на вработеност, насоката по бизнис и економија имаа 70%. Насоката по Право достигнува 70%, но годинава и социјалните науки, бидејќи секогаш има потреба од социјални работници.“, рече Беџети.

Според Беџети, најмногу се бараат професори по математика, ИТ, инженерство и хемија.

„Моментално во Тетово имаме 14 илјади активни баратели на работа, а вкупната бројка е 16 илјади. 2 илјади и нешто се пасивни и не се заинтересирани за работа. Најмногу се бараат професори по математика, ИТ, инженерство и хемија, но и за другите насоки се бараат и за да влезат на пазарот на трудот како конкурентни.“, изјави Јонузи, од Агенцијата за вработување во Тетово.

Според ректорот на УЈИЕ, овој универзитет во блиска иднина ќе отвори и други насоки за да има поквалитетен кадар на пазарот на трудот.