6.888 работодавачи не исплатиле февруарската плата, за дел криви пратениците поради неусвоениот пакет мерки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денес информираше дека дури 10,7 отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да има дадат плата на вработените. Таа додаде дека за февруари се прифатени 63.948 ПИН пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, но дека 6.888 немаат исплати на плата.

„Заега испратени се само опомени. УЈП има предвид дека финансиската помош за февруари не стигна, а дека компаниите тоа го планираа. Затоа, уште еднаш апелирам што поскоро да се донесат законите од петтиот економски пакет. Помина и март, а помош треба да се дава и за мартовска плата“, истакна Лукаревска.