Сокот од зеленчук станува сè попопуларен поради наводните здравствени придобивки, почнувајќи од слабеење до подобрување на дигестивното здравје.
Зелениот сок најчесто се подготвува од зелени овошја и зеленчуци како целер, спанаќ, магдонос, краставица, но и со додавање на овошје како јаболка, киви, грозје и круши, кои се користат за да се заслади напитокот и да се зголеми неговата нутритивна вредност.
1. Богат со хранливи материи
Иако зелениот сок не треба да ја заменува здравата исхрана, тој претставува лесен начин за внес на дел од придобивките од поголема консумација на зеленчук. Зелениот зеленчук е богат со витамини и минерали важни за целокупното здравје.
2. Поттикнува хидратација
Зелениот сок може да помогне во одржување на хидратацијата, особено ако содржи зеленчуци богати со вода како краставица.
3. Помага при слабеење
Консумацијата на зелен сок може да придонесе за привремено слабеење. Според едно истражување, луѓе кои пиеле зелен сок изгубиле во просек 3,3 килограми, со ефект што траел до две недели. Студијата укажува дека консумирањето свеж сок од зеленчук може да влијае врз цревната микрофлора и да го поттикне слабеењето, иако се потребни дополнителни истражувања.
4. Го поддржува дигестивното здравје
Зелениот сок е богат со хранливи материи кои ја поддржуваат растежот на корисни бактерии во цревата, што може да придонесе за подобро варење и да спречи проблеми како запек.
5. Го намалува воспалението
Бидејќи е направен од зелен зеленчук, зелениот сок може да помогне во намалување на воспалителните процеси и заболувања поврзани со воспаление, како срцеви заболувања.
6. Лесен за варење
Зелениот сок е полесен за дигестија и затоа може да биде корисен за луѓе кои се опоравуваат од стомачни и цревни проблеми.
