60-тина ученици фатени дека препишувале – Јаневска: Државната матура се одвиваше без пречки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование Весна Јаневска оцени дека државната матура оваа година се одвивала во редовни услови и со помалку случаи на препишување во споредба со претходните години. Околу 60 ученици биле исклучени од испитите поради препишување, но ќе имаат можност да го повторат испитот во августовскиот рок. Според Јаневска, полагањето во поголеми простории помогнало во спречување на злоупотреби. Таа нагласи дека оваа година е воведен и нов пристап со два вида матура, во зависност од наставните програми, со цел да се обезбеди поправеден и порамноправен процес за сите ученици.

„Оваа година, за разлика од претходните кога имавме голем број млади вклучени во групи на Вибер, Телеграм и слично, всушност за време на испитите на матурата, и во двата дела – и во првиот и во вториот – беа евидентирани само 60 ученици, што значи дека имаме одличен напредок во спроведувањето на процесот на државната матура. Покрај тоа, оваа година ја коригиравме една неправда и нееднаквост меѓу учениците, кои без разлика каков материјал учеле во текот на четири години школување, полагаа ист вид матура. Оваа година тие полагаат два различни вида матура.“, рече Јаневска.