61 субјект со неправилности – зрачењето на одлагалиштето во РЕК Битола во дозволени граници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, Зоран Бајовски, изјави дека во последните години дирекцијата играла клучна улога во контролата, надзорот и лиценцирањето на сите активности поврзани со јонизирачко зрачење – вклучувајќи медицински, индустриски, образовни и истражувачки апликации.

Тој додаде дека целта за 2025 година е лиценцирањето да се врши дигитално.

Според контролите извршени врз сите правни субјекти, Бајовски рече дека кај 61 правни лица се утврдени неправилности, при што ќе се постапува во рамки на законските регулативи за продолжување на лиценците.

Радиактивното зрачење на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола „не е значително повисоко“ од природниот, изјави Бајовски, одговарајќи на прашањето во врска со неодамнешното зголемување на радиоактивната прашина од термоцентралата.

Што се однесува до државните институции, Бајовски потенцираше дека не се евидентирани неправилности, но предупреди на можни ризици во установите каде што се вработуваат  лица со договор на дело – особено кога станува збор за работа со рендген апарати и радиоактивни извори.