Мицкоски: Јас сум за повисока минимална плата, но работниците и работодавачите треба да се договорат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека поддржува зголемување на минималната плата и повисоки плати за работниците, но нагласи дека процесот треба да се одвива преку социјален дијалог меѓу работниците и работодавачите.

„Да, јас сум за зголемување на минималната плата. Да, јас сум за зголемување на повисоки плати, но исто така тој процес треба да се води во рамките на социјалниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите“, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на прашање поврзано со критиките од опозицијата, премиерот ја обвини опозицијата дека ја „уништила и ограбила Македонија“ и оцени дека нема политички и јавен кредибилитет.

„Опозицијата којашто нема никаков кредибилитет, ниту јавен, ниту политички. Опозиција којашто во моментот е заглавена во своето политичко мочуриште“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека, според него, опозицијата уште долго време ќе биде на маргините на политичката сцена.

Мицкоски порача дека зголемувањето на платите треба да биде резултат на договор меѓу работниците и работодавачите, односно да се постигнува преку воспоставениот социјален дијалог.