63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, симбол на светската солидарност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 26 јули 1963 година, во 05:17 часот, Скопје беше погодено од катастрофален земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Во трагедијата загинаа 1.070 лица, околу 3.000 беа повредени, а повеќе од 200.000 граѓани останаа без покрив над главата, откако беа уништени илјадници објекти.

Катастрофата предизвика голем бран на меѓународна солидарност. Десетици држави испратија помош за обновата на градот, а во поддршката на Скопје активно се вклучија и Обединетите нации.

На 14 октомври 1963 година, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за помош во обновата на градот, со што Скопје стана симбол на светската солидарност. Тој ден остана запаметен во историјата на Обединетите нации како „Денот на Скопје“.