Туристи од Турција, Полска, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Косово, Холандија и помали групи од Данска и Норвешка се гостите кои ја посетија земјава за време на празниците. Исполнетоста на капацитетите е од прилика од 60-70% во хотелските сместувања, а во приватното сместување процентот е многу поголем. На средината на месец мај се очекуваат чартери во Охрид од традиционалните партнери.
„Во текот на Велигденските и Рамазан Бајрам празниците, со започнувањето на летната туристичката сезона во нашите туристички центри има зголемување од 30-40%. Очекуваме 2022-ра да биде поуспешна од 2021-ва година, а голем мотив за тоа е Светската туристичка организација која Македонија ја рангира на високото 5-то место по раст на туристи во 2021-ва година“, вели Љупчо Јаневски.
Од Асоцијацијата на туристички водичи велат дека туристите се охрабруваат да патуваат, но бројките се далеку од пред пандемијата. Со олеснување на мерките за влез и излез од нашата држава и со донесувањето на одлуките во останатите држави секако се почувствувало благо придвижување на туристите.
„Имавме деновиве гости. Јас бев дел од една балканска тура со гости од Турција. Морам да напоменам дека изминативе години најголеми посетители на земјава беа гости од Турција“, посочи Елвир Садиковиќ.
Да се исчисти барем централниот дел на туристичките градови, да се одржуваат фонтаните, а не да бидат запуштени како што се ако сакаме повеќе туристи вели Садиковиќ, со цел да се подобри туристичката слика за градот.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот продолжува со активностите во рамки на кампањата „Дома си е дома“ на 15-ти мај и кампања во Полска и Турција. Ќе се практикуваат помали групи на туризам, активен туризам и помалку ќе се задржуваат 3,5, и 7 дена на самите дестинации. Во 2019-та година во буџетот се слеале 397,5 милиони долари од туризмот и угостителството, во 2021-та 385, 3 милиони долари, а во 2022 очекуваат 2,6 милиони ноќевања.
