73 илјади прекршоци за 3 месеци, брзината – најчестиот прекршок што го „лови“ Сејф Сити

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 2 февруари до 30 април, преку системот „Безбеден град“, се регистрирани вкупно 73.340 сообраќајни прекршоци.

Од нив, 19.066 се регистрирани во февруари, 26.241 во март и 28.033 во месец април, покажуваат податоците што ТВ21 ги обезбеди од Министерството за внатрешни работи.

Најголемиот дел од прекршоците се поврзани со пречекорување на дозволената брзина, вкупно 70.365 случаи.

Исто така, се евидентирани 2.519 случаи на управување возило со истечена сообраќајна дозвола, како и 456 случаи на минување на црвено светло.

Повеќе од половина од прекршоците се регистрирани на територијата на Скопје – 37.706 или 51.4% од вкупниот број.