77 години од протерувањето на Евреите од Македонија – говори внука на семејство протерано од Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со песна беше промовирана книгата Базично антисемитско законодавство на царството Бугарија. Семејството на Сара, Евреи, пред 77 години биле протерани од Битола во концентрациониот логор, Треблинка.

„Мојот дедо е роден во Битола и целото мое семејство е по потекло од Битола. Многу сум горда на моето корени. Во песната што ја отпеав се зборува за момче кое од својата земја заминува во војна“, вели Сара.

Потоа следеше едноминутен молк преку кој им се оддаде почит на починатите

„Пред 77 години, Евреите од Македонија насилно беа протерани од нивните домови во кампот Монопол во Скопје, од каде пак беа испратени во концентрациониот логор во Треблинка, Полска“, истакна Теута Агаи Демјаха.

Во 1943 од Македонија беа протерани и егзекутирани 7.144 Евреи во озогласениот логор. Во објавената книга се наведени имињата на сите луѓе кои живееле во Битола, Штип и Скопје. Има докази за нивната работа и школување во Македонија.

„Книгата ќе биде предмет на проучување за сите оние кои сакаат да ја дознаат историјата на геноцидите, а она што го прави посебно важно излегување на виделина на ова капитално дело, е научната диоптрија и распаѓањето на државната апаратура, чија цел била – во законски рамки да биде инсталиран смртоносен механизам против Евреите кои живееле“, додава Скендер Асани.

Покрај, Скендер Асани, коавтори на книгата се и Нора Малиќи и Владо Поповски. На промоцијата присуствуваа амбасадори од земјава и собранискиот спикер, Талат Џафери.