8 пациенти се отпуштени, 9 ќе се враќаат од странство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во болниците во земјава се хоспитализирани 22 пациенти, сите во стабилна состојба, од кои 8 се отпуштени на домашно лекување, најави министерот за здравство Арбен Таравари.

„Денеска отпуштивме 8 пациенти во подобра состојба, така што во Скопје во сите болници ќе останат само 14 пациенти. Добра вест и за пациентите кои се лекуваат во странство, во странство остануваат само 91 пациент бидејќи се враќаат 9 пациенти, 3 од Унгарија, 2 од Италија, 1 од Атина, 1 од Шведска.“, вели Таравари.

Таравари уште еднаш повтори дека Владата ги покрива сите трошоци за повредените, вклучително и трошоците за по двајца членови на семејството на секој пациент што се лекува во странство.

За пациентите во критична состојба, министерот рече дека некои лабораториски тестови покажуваат подобрување во однос на претходните денови.