Девет лекови стануваат дел од позитивната листа, најави министерот за здравство Арбен Таравари. Тој посочи дека во овој процес се вклучени експерти кои работат на законски измени, подготовка на нова регулатива со европски практики и нова методологија за поставување лекови на позитивна листа.
Станува збор за 87 лекови во различни форми и пакувања кои имаат активна регистрација кај нас, како од генерички компании, така и од оригинални компании. Оваа позитивна листа вклучува лекови за срцеви заболувања, болести на висок крвен притисок. Потоа антиагреганти, лекови за лечење на прекумерни масти во организмот, антидепресиви и лекови за деменција, вели Арбен Таравари, министер за здравство.
Професорот Димче Зафиров од Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија рече дека Комисијата испитува голем број лекови од оваа област.
Мерјем Хаџихамза, советничка за фармацевтски политики во МАЛМЕД појасни дека ова се генерички лекови чија сума во моментов може да ја покрие ФЗО.
Министерот Таравари упати апел до фармацевтските компании да продолжат со аплицирање за поставување на нови лекови на позитивната листа.
