Граѓаните го чекаат завршувањето на двете улици во Студеничани – по завршувањето на водоводните работи, почнува асфалтирањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Улица 1“ и „Улица 2“ во Студеничани конечно се очекува да бидат асфалтирани по завршувањето на работите на водоводот. Асфалтирањето беше едно од ветувањата дадени пред граѓаните за време на кампањата за Локалните избори минатата година. Тие очекуваат работите да завршат што е можно побрзо.

„Само „Улица 1“ треба да се среди малку, околу 500 метри, делот што води до училиштето“.

„Треба да се пуштат во употреба тие цевки што беа поставени пред 20 години, но сè уште не се пуштени“.

„Бараме од општината и од градоначалникот што е можно побрзо да интервенираат на улиците 1 и 2“.

Со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), Асистивниот центар е една од организациите што го следат спроведувањето на ветувањата дадени за време на Локалните избори во неколку општини во Македонија. Нивниот претставник, Мустафа Османи за ТВ21 изјави дека во моментов на терен се работи на поставување на водоводната мрежа.

„Овие работи продолжуваат со интензивно темпо. Пред два месеца добивме информација дека се поставени и пумпи што ја носат водата до резервоарот, со цел да се стави во функција и резервоарот во горниот дел од селото, за водоснабдување и поставување на новата водоводна мрежа“, вели Мустафа Османи.

Од друга страна, градоначалникот на Општина Студеничани, Ејуп Абази, изјави дека по завршувањето на работите на водоводот, ќе бидат асфалтирани „Улица 1“ и „Улица 2“.

„Во моментов не може да се интервенира тука, бидејќи се работи на уредување на водоводот. Овие две улици неколкупати биле асфалтирани или одржувани. Меѓутоа, проблемот е на друго место. Додека не се среди водоводот, нема да интервенираме, бидејќи најпрво треба да се направи водоводот, а потоа да се изгради патот“, вели Ејуп Абази.

Што се однесува до локалниот пат што ги поврзува Студеничани и селото Морани, познат како „Скопски пат“, Османи информира дека се асфалтирани околу 1,3 километри, додека за преостанатите 50 метри, општината чека согласност од Јавното претпријатие за државни патишта, бидејќи овој локален пат се поврзува со регионален пат.

Тој информираше дека и на патот од Студеничани што се поврзува со Идризово работите се завршени околу 75 проценти. По ова, се очекува да се изработи и проектот за мостот, а по неговата изградба, патот ќе биде асфалтиран до делот што е во надлежност на Општина Гази Баба.

—

Мониторинг на реализацијата на изборните ветувања и мерките на локалната власт е активност во рамките на швајцарскиот проект Програма за поддршка на изборите имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Содржината/мислењата/ на никаков начин не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија и на ИФЕС.