9 села, 17 илјади жители, но без канализација! – Градоначалникот на Теарце бара поддршка од Владата за проектите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општина Теарце е една од општините чии села немаат канализација. 9 села со над 17 илјади жители, но ниту едно населено места во моментов нема канализациона мрежа. Градоначалникот на Теарце, Нухи Незири, вели дека побарал поддршка од централната власт.

„Вистина е. Кренавме глас и на централно ниво и побаравме да се изнајде начин за реализација на овие капитални проекти, бидејќи општина Теарце ѝ припаѓа на зоната за безбедност на изворите во Рашче, Скопје. Затоа, за овие проекти побарав поддршка и од централната власт во Скопје со цел зачувување на ресурсите и општинскиот простор што ја сочинува нашата општина“, вели Нухи Незири.

Според Незири, вакви проекти досега имало само на хартија, а во 2021-ва општината добила проект од ТАВ, па така сега се реализира проектот за воведување канализација само во Теарце.

„На наша среќа, минатата година средствата што беа доделени од ТАВ беа наменети само за селото Теарце. Проектот е во процес на реализација. Поради случувањата во урбанизмот и фактичката состојба на терен ние наидовме на неколку мали пропусти и побаравме тој дел повторно да се наполни. За ова правиме постојани анализи со цел проектот да се спроведе само за населеното место Теарце, ова значи Теарце заедно со филтер станицата“, додава Нухи Незири. 

Незири ги уверува жителите дека во текот на неговиот мандат ќе го реши проблемот со водата за пиење и канализација во сите населени места.