АА и ЕСП во натпревар за член на ДИК – Новаковски: Слободното место и припаѓа на актуелната албанската опозиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжува натпреварот и борбата меѓу албанските политички партии за тоа кој треба да биде на испразнетото место за член на Државната изборна комисија. Овие нејаснотии настанаа кога Алијансата за Албанците одлучи да влезе во Владата, а нивниот член во ДИК, Кренар Лога, сега е министер. Првиот човек на АА, Арбен Таравари, вели дека ова место и понатаму е на Алијанса, бидејќи Изет Меџити го има претставникот на ДУИ, Беса на СДСМ, а Алтернатива треба да ја претставува Алијанса.

-Членот на ДИК е на Алијанса за Албанците, бидејќи за членовите на ДИК одлучуваат граѓаните на парламентарните избори. Тоа место и припаѓа на АА, опозицијата разбирам дека има барање, но Изет Меџити излезе со ДУИ а ДУИ има претставник во ДИК. БЕСА беше во коалиција со СДСМ, а СДСМ има член во ДИК, а Алтернатива беше заедно со Алијанса и претставник на Алијанса е претставник на оваа коалиција на ДИК-вели Таравари.

Но, според Изет Меџити од Демократското движење, овие изјави немаат основа. Меџити вели дека самиот факт што Алијанса сега е во Влада, а Кренар Ллога е министер, значи дека тоа место треба да и припадне на опозицијата. Во спротивно, се сомневаат дека на следните избори може да има манипулации.

-Што се однесува до изјавата на Таравари, тие не веруваат дека власта во моментов брои четворица, двајца се од ВМРО-ДПМНЕ, а третиот треба да биде од албанската опозиција. На јавноста треба да и биде јасно, господине Лога, порано таму членуваше Кренар Лога кој сега е министер за правда и тоа сосема јасно говори дека тие сега се во владата, тој е министер за правда и се стремат кон тоа членот повторно да биде од албанска партија на власт-изјави Меџити.

Но, кому реално му припаѓа испразнетото место во ДИК? Според поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, ова прашање треба да го регулира Комисијата за прашања на избори и именувања, но најважно е да има усогласување за фер-плеј меѓу политичките партии. Што се однесува до моменталната состојба, според Новаковски, испразнетото место треба да и припадне на актуелната опозиција.

Инаку, на 16 ноември конкурсот за оваа позиција во ДИК беше затворен. Како што дознава ТВ21, на овој конкурс се пријавиле вкупно пет кандидати, меѓу нив Ќуфли Османи од АА и Абдуш Демири од Движење Беса, за кои и албанската опозиција јавно се огласи. Опозицијата се сомнева дека првиот човек на Собранието, Талат Џафери, како и Комисијата за прашања на избори и именувања, намерно ја одолговлекуваат постапката за избор на кандидати, за, како што велат, да манипулираат со изборите.