АА ја одби понудата на албанската опозиција?! – „Не нѐ интересира агендата на помалите партии“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците ја одби поканата на албанското опозициско трио Демократско движење, Беса и Движење Алтернатива за соработка на претстојните избори за обединување против Демократската унија за интеграција. Ова беше кажано и на синоќешниот брифинг со новинарите на претставниците на АА, министрите Фатмир Меџити, Кренар Лога и Азир Алиу.

„Неосновано е да се зборува за ваква понуда кога нема конкретен датум за избори. Дотогаш не не интересира агендата на помалите партии, на избори одиме сами. Нека одат сами на свадба. Тие не можат да се надеваат на политиките на другите во предизборната кампања“, вели Кренар Лога.

Овој одговор доаѓа по поканата на Изет Меџити од Демократското движење до Алијансата за Албанците, кој рече дека оваа партија има многу блиски позиции со опозицијата.

„… дури и во ставовите што ги имаше во последното интервју, кои што се опозициски и мислам дека е моментот да се направи чекор, да се направи моќна опозиција, моќна кауза и да се врати надежта кај младите“, вели Изет Меџети.

Останатите членови на раководството на АА неодамна одговорија негативно на оваа понуда. И поранешниот претседател на партијата Зијадин Села рече дека Алијанса за Албанците е автономна партија и ќе излезе сама на изборите. Дури и стави точка на оваа тема.

„Тоа е тема која другите ја прошируваат како што изгледа. Алијанса за Албанците е автономна партија и сама ќе оди на избори. Точка“, додаде Зијадин Села.

Од друга страна, во однос на изборите, Алијанса за Албанците се уште нема став дали е подобро да се оди  заедно или одделно на избори. Исто така, се уште не одлучиле дали ќе излезат со свој кандидат за претседател.