Алијансата за Албанците на Зијадин Села ќе го одржи партискиот Конгрес на 31 мај во Тетово, дознава ТВ21. Според информациите од ТВ21, се очекува Зијадин Села да биде единствениот кандидат за претседател на партијата.
Се очекува на овој Конгрес да биде одобрена новата партиска платформа, а се очекува да биде одобрена и резолуција.
ТВ21 дознава дека доколку Села не ги земе печатите на партијата до конгресот, Алијансата на Албанците ќе ја официјализира партијата како Сојуз на Албанците.
