Директорот на ЈП Комунална хигиена Абдулсамед Шабани, вечерва во ЕуКлик беше прашан за проблемот кој се појави со сметот после првиот карантин од 62 часа. Тој апелираше до домаќинствата и граѓаните да бидат повнимателни во фрлањето на отпад.
-Тоа што сакам да го истакнам и да го споделам во јавност, е апел до сите домаќинства, кои собираат отпад, да бидат повнимателни во начинот на обработка на отпадот. Секој ден се соочуваме со разни проблеми, со отпад кој е фрлан надвор од одреденото место на цела територија на град Скопје. Потребен е посебен акцент и голема почит за оние кои ја одржуваат чистотата во нашиот град. Ова го вела со полна одговорност, има ситуација која се повторува на неколку места, начинот и грижата кај луѓето за жал недостига во неколку населби на град Скопје. Често пати се случува да ги навредуваат, бараат да бидат помодернизирани во облеката во начинот на одржување на хигиената, помодерни возила, а ние како граѓани не внимаваме. Ние ако бараме услови од еден работник во КХ да изгледа како тие во Европа, тогаш и ние треба да се однесуваме како Европејци, во начинот како го фрламе ѓубрето. Ова го велам бидејќи секаде се спомнуваат припадниците на МВР, секоја полит за нив, за припадниците на Армијата, тие кои се вистински херои, како и лекарите и медицинскиот персонал, кои се во директна битка со овој вирус, но посебна благодарност за сите вработени кои во ова тешко време ја одржуваат хигиената не само во Скопје туку и другите градови низ Македонија.-вели Шабани.
