Адеми: Мицкоски овие три години ги преспа и ги пропушти сите стратешки случувања во државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот министер без ресор и актуелен советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Едмонд Адеми во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги преспал и ги пропуштил сите стратешки случувања во државата.

„Излегува на драматичен прес „Сум добил информација дека овој викенд се распродава Македонија, се распарчува во Софија“ Драма од лидер на опозиција. Ниту Македонија се распарчи, ниту се распродаде, ниту пак некој никому даде, ниту пак зема. Тоа покажува колку е несериозен лидерот на опозицијата кога се стратешките интереси на државата во прашање. Ако ваков е како лидер на опозиција, каков би бил утре доколку ја има можноста, која нема да ја има за среќа на државата, да ја води Владата?“, посочи Адеми.