Пратеникот Арбр Адеми, коментирајќи ја националистичката реторика на македонската опозиција во земјава, рече дека тоа не е нешто ново, бидејќи според него тоа отсекогаш постоело и служело како средство за освојување гласови, пренесува ТВ21.
Адеми за ТВ21 изјави дека постои некаква коалиција, како што ја нарече, конспиративна, која се обидува да ја искористи.
„Не е ништо тајна да кажеме дека постои еден вид конспиративна коалиција меѓу ВМРО, Левица и неколку умилкувачи Албанци кои ја хранат оваа коалиција со лажни вести, измислици и обвинувања, не штедејќи ниедна животна вредност на политичкиот дискурс. Симптоматично е што овие групи секогаш се појавуваат во одлучни моменти за земјава и општеството. Тие се обидуваат да ги загрозат процесите кои произлегуваат од Рамковниот договор за да го урнат начелото победни со победник“, вели Адеми.
