Пратеникот од ДУИ, Арбр Адеми денеска на прес конференција изрази жалење по заклетвата на новата претседателка Гордана СИлјановска Давкова.
Според него, таа го згазила Уставот уште при првата реченица со неспомнување на „Република“ и „Северна Македонија“
„Рече дека е време за единство, а ги спомна само двајца лидери од македонскиот блок исклучувајќи ги сите други од единството. Беше говор за 8-ми март без ништо суштинско, ниту се спомна НАТО, ниту членството на Македонија во НАТО и обврските и сите предизвици што ни престојат“, вели Адеми.
Според него, таа не го споменила ни евроинтегративниот процес на државата.
„Ниту збор немаше за негување на добри меѓуетнички односи, ниту еден збор за Охридскиот рамковен договор, ниту еден збор за Преспанскиот договор, ниту еден збор за Договорот за Добрососедство со Бугарија, ниту еден збор за уставните измени. Намерно не ја спомна ни честитката од претседателката на Косово за нејзиниот избор иако не недостасуваа апострофирања на жени лидери кои честитаа за изборот“, вели Адеми.
