Mинистерот за образование и наука, Арбер Адеми во дебатниот магазин „EU click“ на ТВ21 истакна дека образовниот систем бил критикуван поради тоа што не бил дигитализиран.
„Веќе неколку години по ред образовниот систем беше критикуван зошто не се дигитализира, зошто наставниот процес не се одвива онлајн, итн. И во сета ова несреќа ние се обидовме и се обидуваме да ја искористиме како можност и да го дигитализираме образованието но и да поставиме здрава основа за развој на наставата од дистанца, односно од дома. Обезбедивме законска основа при што беа усвоени одредби со законска сила, 3 одредби, за основното, средното и високото образование, со што и правно се овозможи и во овие вонредни околности задолжително да има онлајн настава“, посочи Адеми.
