Државниот секретар Антони Блинкен рече дека администрацијата на Бајден има намера да се приклучи на глобалниот напор за вакцинирање, поништен од администрацијата на Трамп.
Тој напор, познат како COVAX, го води Светската здравствена организација. Претседателот Трамп ги прекина врските со СЗО, но новоизбраниот претседател Џо Бајден вети дека повторно ќе и се приклучи.
„Силно веруваме дека можеме да сториме така што секој Американец ќе ја добие вакцината, но исто така ќе помогнеме и другите ширум светот кои сакаат да имаат пристап до неа“, рече Блинкен за време на неговото сослушување за потврда во Сенатот.
