Администрацијата на САД размислува да ја прошири листата на земји за забрана за влез

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за значително проширување на листата на земји на чии граѓани ќе им биде забранет влез во САД, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на интерен документ на Стејт департментот со листа од 36 земји.

Земјите кои би можеле да се соочат со целосна или делумна забрана за влез во САД доколку не ги решат проблемите наведени во документот на Стејт департментот во рок од 60 дена се Ангола, Антигва и Барбуда, Бенин, Бутан, Буркина Фасо, Зелено’ртски Острови, Камбоџа, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, ДР Конго, Џибути, Доминиканска Република, Етиопија и Египет.

На листата се наоѓаат Габон, Гамбија, Гана, Киргистан, Либерија, Малави, Мавританија, Нигер, Нигерија, Свети Китс и Невис, Света Луција, Сао Томе и Принсипе, Сенегал, Јужен Судан, Сирија, Танзанија, Тонга, Тувалу, Уганда, Вануату, Замбија и Зимбабве.