Аеродромот во Вилнус, Литванија повторно е загрозен од сомнителни балони, па воздушниот простор над него е ограничен, соопшти литванскиот Национален центар за управување со кризи.
Како што е наведено, биле забележани навигациски ознаки карактеристични за балоните, а во согласност со протоколите за безбедност на цивилното воздухопловство, воздушниот простор над аеродромот во Вилнус бил ограничен од 20:30 до 21:30 часот по локално време, објави литванскиот портал „Делфи“.
До авиокомпаниите и пилотите е издадено предупредување дека поради неидентификувани објекти во литванскиот воздушен простор, летовите може да бидат пренасочени кон зоната на чекање или летовите може да бидат пренасочени кон други аеродроми, а можни се и промени во распоредот на летовите.
