Агенцијата за национална безбедност се огласи по веста за планираниот атентат на Милатовиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Досегашните сознанија упатуваат на заклучок дека најверојатно станува збор за дистрибуција на дезинформации од трети земји, соопштија од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Полициската управа (УП) на Црна Гора, во врска со тоа дека АНБ проверува дали се точни информациите за претседателот Јаков Милатовиќ од Црна Гора се подготвува за атентат.

Во соопштението за медиумите се наведува дека АНБ на 6 ноември дошла до информации за потенцијалната закана за Милатовиќ, за што го информирала во директна комуникација.

Во соопштението се додава дека АНБ за наведеното го известила директорот на Полициската управа.

„Исто така, Агенцијата спроведе голем број активности за проверка и продлабочување на споменатите податоци, како и за проверка на веродостојноста на изворот. Во таа насока, досегашните сознанија упатуваат на заклучок дека најверојатно станува збор за дистрибуција на дезинформации од трети земји“, се вели во соопштението на АНБ и УП.

Се додава дека АНБ и УП ќе продолжат континуирано да спроведуваат безбедносни заштитни мерки во однос на претседателот на Црна Гора и членовите на неговото потесно семејство.