„По два дена, повторно сме на автопатот Скопје – Блаце, овде се уште нема никакво движење и не гледаме багерите кои почнале со работа. Видовме неколку геометри кои дошле да мерат, а поставена е и табела на која е прикажан проектот кој ќе се гради“, Африм Јонузи – репортер на ТВ21.
И денеска бевме на автопатот Скопје-Блаце за да видиме дали работат багерите за изградба на автопатот.
На друго место, а не на истото место каде што бевме во понеделник, ни рекоа дека отишле неколку багери и дека работат. Отидовме на тоа место но градежните работи беа оставени на пола. Ни рекоа дека работите ги спречиле жителите на село Блаце поради тоа што не се согласуваат со цената со која државата го купува земјиштето. Багерот стои, нема кој да го вози и да работи со негоВчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Клик Плус изјави дека овој проект ќе заврши за 2 години.
„Немој да бидеш скептичен, за 1 или 1.5 години ќе биде готов автопатот Скопје-Блаце“, изјави Али Ахмети – претседател на ДУИ.
ТВ21 се обиде да разговара со жителите на село Блаце, но тие изјавија дека не се откажуваат и бараат земјиштето да им биде платено по цената која тие ја бараат, а за тоа ангажирале и адвокат.
Инаку сите постапки за започнување на градежните активности се завршени, избран е и изведувачот, но засега тие „висат“ поради експропријација на земјиштето.
