Ахмети доаѓа во Чаир – Меџити вели „тоа е собир на Артанисти“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во понеделник во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, во 19 часот, ДУИ ќе одржи митинг кој ќе кулминира со говорот на лидерот Али Ахмети.

Но, дали таканаречената „Огнена група“ ќе присуствува на митингот на ДУИ?

ТВ21 го контактираше Изет Меџити, кој рече дека никој не ги поканил и дека се работи за собир на поддржувачи на Артан Груби.

„Не сме поканети. Тоа е собир на Aртанисти. Ја тероризираа јавната и државната администрација, добиваат списоци со закани кој ќе учествува. Ќе се носат од сите градови, од секаде“, вели Меџити во писмената реакција за ТВ21.