Ахмети: ДУИ во опозиција е само желба на Заев! На 15-ти јули насмевката ќе им згасне

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во „Изборни дебати“ на ТВ21 вели дека една од желбите на Заев е ДУИ да оди во опозиција, додава дека тоа нема да се оствари и дека насмевката на 15-ти ќе им згасне.

„Сигурно ова била желба на г-динот Заев, но и на другите. Но, јас ве уверувам дека оваа радост нема да ја доживеат и насмевката ќе им ја снема на 15 јули“, изјави Али Ахмети за ТВ21.

Ахмети додава дека не сакаат ДУИ да оди во опозиција, туку бараат Албанците да ги однесат во опозиција.

„Ова го гледале 18 години по ред, но не им се допаднало бидејќи наишле на тврд орев кој не направи компромиси со големите национални прашања како од албански аппект така и од меѓународен аспект. Не сме таму да бидеме сеирџии и да удираме  на тапани и како сакаат тие, ние да играме, како велат другите, но достоинствено сме работеле така што насмевката ќе им ја снема на 15 јули“, додава Ахмети.

https://business.facebook.com/673190229477851/videos/365258611109420/