Силна бура и поплави го погодија Чиле

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати централните и јужните региони на Чиле, предизвикувајќи смрт на две лица, додека стотици се повредени или засегнати.

Неколку места во регионите Мауле и Лос Лагос се во состојба на тревога. Заменик-министерот за внатрешни работи Максимо Павес вчера ја потврди смртта на две лица во регионот Лос Риос, предизвикана од „паѓање на дрво врз нивниот автомобил“.

Националната дирекција на Службата за превенција и одговор при катастрофи вчера соопшти за 347 повредени и 2.052 лица заглавени во своите домови, повеќето поради надојдените реки. Службата издаде и 13 предупредувања за евакуација поради поплави и налети на ветер со брзина од над 100 километри на час.

Во јули силна бура предизвика смрт на 13 лица и оштети најмалку 4.000 домови.