Ахмети го назначи Османи за координатор во Чаир – Меџити: Тоа е нестатуарна одлука, не поминала низ партиски органи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Битката во ДУИ како што изгледа станува се пожешка. Додека Огнената група бара разрешување на министрите, лидерот на партијата освен тоа што не ги слуша, сега, како што дознава ТВ21, ТОЈ го именувал Бујар Османи за координатор на политичките процеси во Чаир. Тоа подразбира преземање на надлежностите на Изет Меџити, како претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. ТВ21 го праша Меџити дали тоа значи исклучување од партијата!? Тој кратко ни одговори:

„Добро би било да го прашате господинот Ахмети за овие политички различности и тенденцијата за замолчување на тие кои мислат различно! Поради тоа што тоа е нестатутарна одлука која не поминала низ партиските органи“, вели Изет Меџити.

На собирот што го одржа Огнената група со жителите на Чаир, Меџити, зборувајќи за разрешување на замениците министри и директори кои се поддржувачи на „огнената група“ и нивна смена со кадри на Алијансата, прашаа кој ќе ги обезбеди нивните гласови на претстојните избори во Чаир.

„Прашувам кој ќе собира гласови за ДУИ? За кого ќе работат тие зм.министри и директори кои ги именува оваа Влада. На денот на изборите тие ќе работат за ДУИ или за нивниот субјект“, додава Изет Меџити.

Од друга страна Артан Груби пред неколку дена во Клик Плус појаснувајќи од каде почнал раздорот во ДУИ, изјави дека Беќир Асани бил еден од најуспешните претседатели во огранокот на Чаир.

„И во времето кога тоа се случи 2016/2017 кога одби да биде градоначалник и го предложивме Висар Ганиу, бидејќи поранешниот претседател одлучи да замине од политиката и да не се бави со политика и огранокот на Чаир остана без претседател, без човек“.

За Беќир Асани зборувате?

„Чешмите се извор на корупција и тоа почнавме да го направиме, сите да ги затвориме“

Инаку, одлуката на Ахмети за Бујар Османи да биде координатор во Чаир доаѓа по тензии во партијата, која е поделена во две групи, оние кои се функционери во Владата и кои се поддржани од претседателот Ахмети, како вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и таканаречената „огнена група“, предводена од Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети, кои ја критикуваат работата на министрите на ДУИ.