Пратениците се враќаат на работа по одморите, првата седница закажана за 2 септември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со денешното одржување на работната седница на Советот на амбасадори, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат на парламентарните активности по августовската пауза. Првата нова пленарна седница на Собранието е закажана за 2 септември.

На официјалната веб-страница на Собранието се најавени и две средби на Африм Гаши на 25 август – со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија.

Од кабинетот на Гаши велат дека тој продолжил да работи во текот на целиот период, иако пратениците официјално биле на одмор.

На 121. седница, закажана за 2 септември, на дневен ред се 53 точки, меѓу кои и именувањето на заменик-гувернер на Народната банка, ратификации на договори, како и во прво читање Предлог-законот за известување и проверка на странските директни инвестиции.

На дневен ред е и Предлог-националната стратегија за безбедност на патниот сообраќај 2026–2030, како и низа закони кои ќе се разгледуваат по скратена постапка, главно за усогласување со новиот Закон за високи раководни службеници.

Редовната летна пауза на Собранието започнува на 1 август, иако дел од пратениците имаа активности и за време на националниот празник Илинден, кој се одбележува на 2 август.