Неколку зборови на кандидатката за пратседателка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, предизвикаа реакции скоро кај сите албански политички актери во Македонија. Во текот на митингот во Куманово, Давкова рече дека некои дела против човештвото не застаруваат никогаш, алудирајќи на војната од 2001 година.
Оваа изјава на Силјановска предизвика реакции кај сите кои се обратија на вчерашниот митинг на Европскиот фронт на ДУИ во Чаир. За ТВ21, Али Ахмети рече дека Силјановска треба да биде внимателна кога зборува за вакви чувствителни теми бидејќи, како што рече, војниците на ОНА се бореле за слобода и не биле платеници.
„Работите што болат и гребат стари рани не е добро да се користат за изборна кампања. Сите страни мора да бидат внимателни во овој поглед. Неколку пати кажав дека минатото е болно, минатото не треба да се помине, но не треба да се повторува“, вели Али Ахмети.
Дали ваквата реторика ќе направи проблем во преговорите за формирање владина коалиција, го прашавме и Изет Меџит од коалицијата ВРЕДИ. Тој рече дека ваквите изјави будат стари емоции и додава дека таа изјава била од претседателскиот кандидат, а не од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, вчера во медиумите изјавата на Силјановска беше протолкувана како барање, меѓународен трибунал да суди за постапките на учесниците во конфликтот во Македонија во 2001 година.
