Министри и членови на ДУИ се собраа по повод пуштањето во функција на новата спортска сала во селото Доброште, Теарце.
На почетокот сите присутни влегоа во објектот на Основното училиште „Фаик Коница“, но кога пристигна министерката за образование, Мила Царовска, горе се качи само таа, Ахмети и тетовскиот муфтија, Ќани Несими.
Иако поголемиот дел од присутните не беа поканети, на свеченото отворање присуствуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, заменик-министерот за правда, Агим Нухиу, а не изостана ниту аналитичарот Нури Беџети. Иако на почетокот имаше мало недоразбирање, сепак се договорија лентата да ја пресечат петмина.
Градоначалникот на Теарце, Исен Асани, рече дека без поддршката на домашната власт, оваа сала немаш да стане реалност.
-Денеска претвораме во реалност едно дамнешно барање на генерациите кои сонуваа за добри услови. Сведоци сме на инаугурирање на спортската салата во ОУ „Фаик Коница“ во селото Доброште. Без поддршката на домашната власт и без настојувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, немаше да дојдеме тука каде што сме-вели Асани.
Министерката за образование, Мила Царовска, рече дека вакви сали ќе бидат изгради низ целата држава.
Првиот човек на интегративците се осврна на важност на празникот 7-ми март.
-Нацијата која не го пишува јазикот кој го говори, е осудена да исчезне, затоа ние инвестиравме и ќе продолжиме да инвестираме во унапредувањето и подигањето на образованието, бидејќи оној кој инвестира во едукацијата и образованието, инвестира во иднината-вели Ахмети.
Како вообичаено, и на оваа свеченост им дојде редот и на пеналите…
Првиот шут на Ахмети заврши во мрежата, но подоцна побара Артан Груби да биде во улога на голман, кого сепак не успеа да го совлада.
Она што го привлече вниманието беа и овие мини-радијатори во соблекувалните.
Инаку, оваа сала чинеше 450 илјади евра со површина од 850 квадрати.
