Претседателот на ДУИ Али Ахмети, во својот говор во гостиварско Чегране, зборуваше и за руското влијание во земјава, јавува ТВ21.
Ахмети рече дека мора да се биде внимателен, затоа што Москва се обидува да има влијание во земјава, а му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе направи 61 пратеник со Левица.
„Длабоко сум убеден и верувам во дефинирањето на главните политички партии, кои имаат прозападна ориентација. ВМРО-ДПМНЕ греши ако мисли дека со Левица ќе направи мнозинство со 61 пратеник и да ја марганилизира ДУИ, наводно нивната единствена пречка. Прават многу грешки и нека не сонуваат за такво нешто“, рече Ахмети кој додаде дека ни треба единствено за членство во ЕУ.
