Ахмети со порака до Огнената група: Не излегувајте пред ураганот бидејќи ќе ве згази! – Меџити изненаден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ни сме за тешки мисии и работиме во земјава да преовладува законот и демократијата. Вака вчера се изразија интегративците во собирот во Чаир. Артан Груби рече дека никој не може да ја запре ДУИ бидејќи, како што додаде, пред воз не се излегува.

„На почеток имавме едно видео тука, излезе тунелот, со светлина на крајот на тунелот и таа светлина секогаш значи надеж нели, но токму тој тунел и таа светлина ме потсетија на една народна поговорка. Браќа и сестри, пред возот не се излегува“, вели Артан Груби.

И претседателот на партијата, Али Ахмети, имаше порака.

„Артан ние не сме воз, ние сме ураган. Ураганот не може да се стопира. Доколку те фати ураган никако не можеш да станеш и ќе те покрие еднаш засекогаш. Затоа за сите тие кои се обидуваат да ја спречат визијата и мисијата на ДУИ, да испратиме една искрена порака. Не излегувајте пред ураганот бидејќи ќе ве згази“, вели Али АХмети.

Но Изет Меџити за ТВКлан рече дека не го познава Ахмети ваков, бидејќи тој никогаш порано не упатил вакви закани.

„Добро да оставиме на граѓаните да оценат кој е ураганот и која е целта на ураганот. Мислам дека не го познаваме г. Ахмети ваков. Со големо срце, претседател на партија на кој и кога му се врши атентат, вели немам куршуми за Албанците, во минатото се однесувал смирено и мудро, но сега не знам што го нашол со овие закани, изгледа паднал под влијание на ’’Артанистите’’“, порача Изет Меџити.

Инаку Груби и вчера рече дека е подадена раката помирување е подадена. Но Меџити во врска со ова рече дека Груби од едната страна ја подава раката за помирување а од другата страна ги уништува сите функционери поддржувачи на Огнената група.