Ахмети: Статутот на ДУИ не го познава терминот фракција, претседателот рече да не се покани на состанок „огнената група“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изјавата за формирање на фракцијата и организирањето на паралелни собири се главните причини за „самоисклучувањето“ на „Огнената група“ од ДУИ, изјави генералниот секретар на оваа партија Фатон Ахмети. Тој во Клик Плус додаде дека фракцијата не е признаена форма со статутот на ДУИ.

„Фракцијата не е форма признаена со статутот на ДУИ. Нашиот статут не признава ваква форма на организација, но на тоа гледа како спротивставување на платформата на програмата на ДУИ и ако се повикате на варијантата што мора да се преземе, во овој случај тоа е исклучување при што претседателот на партијата го има тоа ексклузивно право.“, рече Ахмети.

Ахмети вели дека самиот претседател на партијата му рекол Огнената група да не ја покани на последниот состанок.

„Врз основа на Правилникот, претседателот Ахмети е тој кој ги свикува состаноците а јас како генерален секретар имам обврска за да ги организирам состаноците и претседателот ми кажа да не ја поканам оваа група јас туку претседателот ќе ги извести дека нема да бидат поканети на овој состанок.“, вели Ахмети.

Иако неколку пати беше прашан дали Изет Меџити е потпретседател на партијата, Ахмети немаше конкретен одговор.

„Тие ги напуштија работите на органите и се изразија на тој начин, дека нема да учествуваат во работите на овој формат на раководство.
ТВ21: И вие од денеска не сметате на нив, ќе избирате нивни наследници, сте дискутирале за тоа?
Не, не сме дискутирале!“, изјави Ахмети.

Генералниот секретар на ДУИ рече дека никогаш не било забрането различното мислење во ДУИ, туку само различното делување. Дали Изет Меџити се уште е потпретседател на ДУИ и дали се „самоисклучиле„ од ДУИ, вечерва лично Изет Меџити ќе зборува на оваа тема во емисијата Клик Плус во 21:30 часот.