Ахмети во август ќе оди во Хаг – дали поканата има политичка позадина?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 дознава дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе оди во Хаг, но не сега. Според изворите, тој во Специјалниот суд на Косово на распит ќе оди во август. Поканата е испратена пред 15 јули, но бидејќи на тој датум во РСМ се одржаа предвремени парламентарни избори, Ахмети одлучил во Хаг да оди на крајот на август.

Од друга страна, Министерството за правда и МВР на РСМ и денеска молчат за тоа дали биле претходно информирани дека Ахмети ќе биде повикан во Специјалниот суд и дали има и други државјани кои ќе бидат земени на распит во овој суд? Не се знае ниту кој ќе ги покрие трошоците, бидејќи Законот и специјалното обвинителство велат дека трошоците се покриваат само за лицата за кои веќе е покренато обвинение.

„Што се однесува до плаќањето, Министерството за правда ви потврдува дека до сега не сме примиле никакво барање. Исто така ве известуваме дека веќе Министерството за правда изнесе соодветни подзаконски акти кои предвидуваат правна заштита и финансиска поддршка за потенцијално обвинети лица во судски процеси при Специјализираните оддели, опфаќајќи и Административно упатство за правна заштита на лица обвинети за претендиран криминал во судски процеси при Специјализираните оддели, според кој компензацијата се прави од моментот на покревање на обвинението.“, велат од косовското министерство за правда.

Но зошто Ахмети остави во август да оди во Хаг? Дали неговото одење може да влијае на политиката во земјава и формирањето Влада во Северна Македонија? Аналитичарот Алберт Муслиу не верува во таква можност.

„Не, не верувам. Сега велам, ние сите знаеме каков суд е тоа и за што е основан. Ги знаеме и грижите на Албанците како во Северна Македонија така и во Косово и Албанија.“, рече Муслиу.

Бидејќи Ахмети ќе оди во август во Хаг, дали тоа значи дека до тогаш ќе се решат политичките прашања во земјава?

„Јас сум оптимист дека ќе се решат пред крајот на август. Верувам дека многу брзо по конституирањето на парламентот секако ќе имаме некое решение.“, вели Муслиу.

Вчера известивме дека нема правни пречки Ахмети да биде поканет од Специјалниот суд иако не е државјанин на Косово, туку само на РСМ. Неговото одење во Хаг е во улога на сведок и правниците не гледаат пречка во тоа што е поканет иако не е меѓу обвинетите. Ахмети во Хаг е втор кој оди откако претходно во интервју на три дена беше претседателот на Косово, Хашим Тачи. Потсетуваме дека на 24 април Специјализираните оддели во Хаг покренаа обвинение за воени злосторства.