Ахмети во ClickPlus за Зелената Агенда: „Не сме статичка партија, Обновуваме, обновуваме …“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Демократската унија за интеграција ја прифати зелената европска агенда, но зошто нејзиниот лидер, Али Ахмети, сè уште управува со автомобили што испушта гасови кои не се 100% еколошки?

“Патот коишто го правам во текот на денеот е невозможно да се движам со таква брзина , бидеји преку ден со автомобилот поминувам 400-500 км”, истакна Ахмети.


Сликите со депониите во албанските општини кои му беа прикажани на Ахмети , лидерот на Дуи новата зелена партија ги нарече болни и сега е е моментот да се елиминираат овие слики, но рече дека тоа неможе да се постигне за еден месец или година .


„Без да ми ги овие фотографии .. Фатмир, пред да дојдам овде во твоето студио, направив патување. Се движев од планината, отидов дома, се облеков и поминав, и видов како како гори некакво ѓубре, на планинскиот пат … не вака, зошто ова го правите во населбите “, додаде Ахмети.


Ахмети вели дека ДУИ ги има сите капацитети да се справи со платформата на зелената агенда, а притоа апелира дека на ова прашање не треба да се гледа со скептицизам, бидејќи за ова ќе има средства и од локално и од меѓународно ниво.

„Ние не сме движење, статична партија. Ние сме партија што обновува, и се обновуваме … “, објасни Ахмети.


Првиот приоритет, според раководителот на интегративците, ќе биде управување со отпадот, воздух и чистата вода. Според него, овие прашања немале заслужен третман, иако одделот за екологија неколку мандати по ред го водеа претставници на ДУИ, за кои Ахмети вели дека се обиделе и постигнале одреден степен.