Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на својата фејсбук страница по повод 18 години од основањето на Демократската унија за интеграции, дека време е во Северна Македонија за премиер Албанец, јавува репортерот на ТВ21.
Ахмети упати честитка до сите активисти на ДУИ, до сите гласачи на партијата и сите истомисленици, симпатизери и сите грѓани на земјата.
„18 години заедно поминавме многу предизвици за да постигнеме целосна рамноправност, да бидеме членка на НАТО и да се интегрираме целосно во ЕУ. За да го подигнеме квалитетот на живот со што ќе обезбедиме подобра иднина за нашите млади и за сите нас“, вели Ахмети, јавува репортерот на ТВ21.
Ахмети наброи доста постигнувања на ДУИ во изминатите 18 години, но на крајот побара на следните избори да се одбере премиер Албанец, лице кое ќе биде ценет, докажан и прифатлив, пренесува ТВ21.
