Ахмети за ТВ21: Повикан сум од Специјалниот суд, ќе одам!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е повикан од Хашкиот специјален суд. Оваа информација ја потврди самиот Ахмети за ТВ21.

„Да вистина е. Бев поканет од Специјалниот суд и ќе одам“, рече Ахмети за ТВ21.

Ахмети e повикан во улога на сведок.

Претходно, Специјалниот суд го интервјуираше и претседателот на Косово, Хашим Тачи, во врска со војната на Косово со Србија. Не е познато дали поканата на Ахмети има врска со интервјуто на Тачи или не.

И интервјуто на Тачи и поканата на Ахмети доаѓаат откако Специјалниот суд на 24 април поднесе обвинение за воени злосторства. Заедно со Тачи, во обвинението се наоѓа и Кадри Весели, сега претседател на Демократската партија на Косово, и неколку други лица чии имиња сè уште не се објавени.