Ајдари и Имери се соочија во Дејли Клик – колку мандати очекуваат да добијат на изборите на 8 мај?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот Фронт е задоволен од постигнатите резултати од кандидатот за претседател, Бујар Османо, рече Рина Ајдари во Дајли Клик на ТВ21. додаде дека на парламентарните избори ќе победи Европскиот фронт кај албанскиот блок. А и пратеничката Саранда Имери од ВРЕДИ рече дека се задоволни од, како што ги нарече, чистите албански гласови, а ги обвини опонентите за уцени и закани кон граѓаните и купување на гласови.

„Ние скоро паралелно ја водевме кампањата, тоа е еден вид на показател дека на парламентарните избори ќе победи ЕФ кај албанскиот блок, тоа е недискутабилно“, вели Рина Ајдари.

„Ова е резултатот што го предвидовме и очекувавме, но треба да се имаат предвид уцените кон повеќето граѓани во последно време, купувањето гласови, заканите, коалиционирањето со турската и со другата ромска партија и тука вреди да се спомне дека г. Таравари беше присутен во разни области на Македонија и неговиот недостиг на терен таму каде има гласачи се виде“, вели Саранда Имери.

Претставничките на двете коалици коментираа и за бројот на мандати кои очекуват да освојат од парламентарните избори. Пратеничката на ДУИ рече дека очекуваат околу 20 пратеници, а Имери од ВРЕД над 13.

„Не сакам да шпекулирам со бројки, тоа ќе и го оставиме на аналитичкиот центар. Од самиот резултат кој го видовме кај претседателските избори, горе-долу покажува дека ВРЕДИ ќе има над 13 пратеника“.

„Реално над 20 пратеника, не ме фаќајте за збор, колку ќе биде може да варира и до 30“.

„Тоа е убав сон и сметам дека и во најубавиот сон нема да се реализира“.

„Грешите. Не се занимаваме со соништа“.

Инаку Рина Ајдари и Сандра Имери се кандидатки за пратеници во ИЕ6.