Поранешниот министер без ресор и актуелен советник за надворешна политика во кабинетот на премиерот Зоран Заев, Едмонд Адеми во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека кога се праќа една ваква порака кон еден аспирант, истата се испраќа и до другите земји аспиранти во регионот.
„И кога праќате вакви порака кон една таков аспирант да биде дел од тоа семејство на различности, јазични културни, етнички, верски и.т.н, пораката ја испраќате и до другите земји аспиранти во регионот. Ако најдобриот моментално не може да се приклучи заради непринципиелни причини, што останува, односно како очекуваат да дојде до договор меѓу Косово и Србија?. Или ја имате внатрешната политичка состојба во Босна и Херцеговина“, посочи Едмонд Адеми.
Тој вели дека со тоа се праќа порака во којашто кредибилитетот на самата Унија се намалува.
