Ако не Села, Таравари ќе се кандидира за лидер на АА-За Касами нормални се заминувањата и прикучувањата кон БЕСА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наскоро се очекува да се одржи Конгресот на Алијанса за Албанците. Доколку Зијадин Села не се кандидира за претседател тогаш ќе се кандидира Арбен Таравари. Таравари вели дека за тоа ќе одлучи членството на партијата.

„Тоа не зависи од мене, треба да се дебатира внатре партиските органи. Конгресот ќе се одржи на 27 март, за 10-15 дена ќе се објават и кандидатурите и на крајот членството на Алијанса ќе одлучи што понатаму. Начелно сметам дека г. Села треба да продолжи ние разговараме со г. Села за тоа каков план има тој понатаму. Доколку не се кандидира може да се разгледа можноста јас да се кандидирам, но доколку тој се кандидира, тоа воопшто не е тема за дискусија. Јас 100% нема да излезам против г. Села и тоа ниту се дебатира“, рече Таравари.

Од друга страна лидерот на Беса, Билал Касами последните заминувања од неговата партија ги оценува како демократски процеси, велејќи дека секој кој се гледа себеси загрозен од позициите кои ги имал, може и да си замине од партијата.

„Ние сме отворени за нови членови и тоа го објавивме и во јавноста. Овој процес ќе продолжи и кога вратата е отворена за нови членови, доколку некој се чувствува загрозен и не се гледа себеси во позициите кои ги имал порано, може да си замине. Политичките партии се субјекти каде секој има право да се приклучи или да си замине во моментот кога не се гледа себеси таму“, вели Касами.

Пред неколку дена Фатмир Лимани, поранешен независен кандидат за градоначалник на Кичево, исто така и близок човек на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се приклучи на Беса. Но по тоа неколку членови и претседатели на ограноци заминаа од овој политички субјект.