Никој не смее да се чувствува недопирлив пред законот, а јавните обвинители имаат обврска да го применуваат еднакво кон сите, без исклучоци. Ова е пораката на државниот јавен обвинител Ненад Савески во ексклузивното интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Запрашан дали во Македонија постојат луѓе кои се чувствуваат недопирливи, Савески посочи дека не може да влијае врз нечие лично чувство, но нагласи дека таквото убедување не може да биде оправдано.
Тој потенцира дека законот мора да важи подеднакво за сите граѓани и дека постапувањето на обвинителите не смее да зависи од нечие општествено влијание, позиција или лична перцепција за сопствената моќ.
„Секој јавен обвинител е должен еднакво да го применува законот. Нема отстапки. Пред законот се сите еднакви“, порача Савески.
Со ова, државниот јавен обвинител испрати порака дека во обвинителскиот систем не смее да има привилегирани лица и дека секој треба да одговара според законските правила, без оглед на тоа каква функција или позиција има.
