„Ако се позиционираат против другите заедници, тоа единство ниту може да се направи, ниту да се дозволи“, вели Џафери за идејата на Мицкоски за проширено македонско единство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 реагираше на изјавата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „проширено македонско единство“. 

Според него, на македонската опозиција и треба единство помеѓу заедниците.

„Ако контекстот на единство се предвидува без други заедници, не знам како тоа би се реализирало. Во себе треба да имаат единство. Тие имаат големи разлики за државните позиции. Во ред би било да имаат инклузивно единство, унапредувајќи го она што е интерес на државата. Ако се позиционираат против другите заедници, тоа единство ниту може да се направи, ниту да се дозволи, ниту може да функционира. Историски е докажано дека тоа не може да се направи“, порача Џафери.